– ММС
Вести Македонија

Рама од Охрид упати критика за неучеството на Косово на лидерската средба

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од лидерската средба на државите од Западен Балкан во Охрид упати критика до Приштина што не учествува во Иницијативата за регионална соработка, притоа изразувајќи уверување дека Косово како дел од регионот ќе учествува на наредната средба предвидена да се одржи идниот месец во Драч.

Рама рече дека фактот што Србија и Босна и Херцеговина се уште не ја признаваат независноста на Косово не треба да биде пречка претседателот односно премиерот на Косово рамноправно да учествува на ваквите лидерски средби и на тие средби да ги изнесуваат своите ставови по однос иницијативата за регионална соработка.

-Момент е да се каже лидерите на шестте држави од Западен Балкан сме се среќавале, сме седеле, разговарале во Софија, Лондон, Познан, Трст, Париз, Брисел, Берлин, Виена, Драч, Скопје, Сараево, во Улцињ и сме ги усогласиле ставовите по однос сите одредби содржани во иницијативата. Тие средби не резултираа со признавање на Косово од Србија и од БиХ, но тоа не беше пречка претседателот или премиерот на Косово да учествуваат и на рамноправно ниво да дискутираат по однос иницијативата, рече Рама.

Албанскиот премиер забележа дека не може да види интерес од враќањето во времето на минатото кога доминираа исклучивост и неприфаќањето иницијативи, туку иднината на регионот ја гледа во јакнење на секаков вид меѓусебна соработката.

-Ниту јас сум го сменил мислењето дека Србија треба да го признае Косово, но нерешавањето на тоа прашање апсолутно не е оправдание Косово да биде исклучено од решавањето на проблемите на своите граѓани, рече Рама.

Лограње

X

Регистрација