– ММС
Вести Македонија

Демократски сојуз: Балканските земји треба да отворат војна против криминалот

Демократскиот сојуз оценува дека балканските држави треба меѓусебно да соработуваат, се со цел да се овозможи брз проток на стоки, капитал и идеи, како битни предуслови за економски развој.
Но мора во преден план да договорат заедничка борба против организираниот криминал и корупцијата.
Криминалот го загрозува демократскиот, економскиот развој и евроинтеграциските процеси.
Карактеристика на сите балкански држави, а посебно на Македонија, Албанија и Србија е високата криминализација, посебно институционалниот криминал, каде по правило во тешките облици на криминал е вклучена и власта.
Изненадува фактот, што на овој Балкански самит никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот.
Очекуваме тоа да биде главна тема на следните средби.
Инаку ДС е за соработка помеѓу државите од Балканот, но без формирање на сојузи како можни алтернативи за полноправно членство во Европската унија.

Лограње

X

Регистрација