– ММС
Вести Македонија

Во Битола партијата за Движење на Турците ја посети Спомен собата на Кемал Ататурк

Партијата за Движење на Турците денеска во Битола престојуваше во НУ Завод и Музеј и ја посети Спомен собата на таткото на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Во соопштение до јавноста истакнуваат дека посетата е реализирана по повод 81-годишнината од смртта на Ататурк.

-По повод 81 години од смртта на таткото на модерната Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, Партијата за Движење на Турците (ТХП) предводена од претседателот на партијата Енес Ибрахим и раководството, дадоа почит во Спомен собата на Ататурк која се наоѓа во Битолскиот музеј. Во овој објект во 1899 година Кемал Ататурк завршил средно воено училиште. Големите личности се живи сѐ додека опстојуваат нивните идеи, а Партијата за Движење на Турците (ТХП) ќе продолжи по слободарскиот, демократски и европски дух на големиот Кемал Ататурк, се нагласува во соопштението до јавноста од таа партија.

Мустафа Кемал Ататурк во животот се борел за хуманистички, современи и универзални вредности, а неговата визија и денес останува актуелна и значајна. Ататурк  дел од својот живот го поминал токму во нашата земја, а тоа само уште повеќе ја зближува нашата земја со пријателската Република Турција, информираа од Партија за Движење на Турците, по денешната посета во Битола

Лограње

X

Регистрација