– ММС
Вести Култура Македонија

Актери од филмот „Врба“ беа гости во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“

Во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“ гости во студиото беа актерите во последниот филм на Милчо Манчевски, „Врба“ – Никола Ристески и Ненад Нацев, а телефонски во емисијата се вклучија и актерите Наталија Теодосиева и Благој Чоревски, кои, исто така, играа во најновиот филм на Милчо Манчевски, кој, пак, не можеше да гостува зашто е во странство.

Снимањето на „Врба“, соработката со Манчевски, сосотојбите во македонската кинематографија, соблекувањето пред филмската камера, мешањето на политиката и партиите во културата и во филмот, беа дел од темите на кои се разговараше во двочасовната емисија.

„За жал, немаме пазар. Мора да се чека милост од Филмскиот фонд. Ако не добиеш од него, не можеш да направиш ни копродукција. На продуцентите воопшто не им е лесно. Испаѓа дека претежно филмовите ги правиме за да ни’ стојат дома и во архива. А, има доста интересни филмчиња, ама… Има и млади ежисери што направија добри филмови ама ги нема никаде. Треба да се извадат од архива, да се најде место за прикажување зашто режисерите не ги правеле за по дома – рече Ненад Нацев.

Во емисијата телефонски се вклучи и Никола Ристевски, хроничар на Овчеполието, кој зборуваше за локалитетот Говедаров Камен кај Свети Николе. Тамошниот обреден мотив е користен и во филмот „Врба“.

Лограње

X

Регистрација