– ММС
Вести Свет

Српски пекар на покривот од семејната куќа има шума и базен

Пекарот Добрица од Пирот (Србија) стана и регионално популарен поради необичниот дом во кој живее. Овој „пионер на зелената архитектура“ во својот град на рамниот покрив на својата куќа одамна направил вистинска мала шума и базен.

Негов сосед деновиве на социјалните мрежи објави фотографии за несекојдневната куќа со шума и базен на покривот. Дрвјата не биле засадени во буриња, како што обично се мисли, туку пекарот на рамната плоча претходно послал половина метар земја. И покрај бурите што ги имало во изминатите години, никогаш некое од засадените дрвја не било откорнато или оштетено, ниту, пак, од базенот на покривот имало некакви напукнувања, пренесуваат медиуми од регионот.

Лограње

X

Регистрација