– ММС
Вести Свет

Рекорд: Хрватска првпат со повеќе од 20 милиони туристи и со повеќе од 107 милиони ноќевања

Во Хрватска првпат се остварени повеќе од 20 милиони туристички доаѓања во текот на една туристичка година, а прв пат е надмината и бројката од 107 милиони ноќевања на ниво на целата држава.

Според првичните податоци на „еВиситор“ за туристичкиот промет остварен во комерцијалниот и во некомерцијалнит сегмент, како и во наутичкиот чартер, во Хрватска до завчера биле реализирани 20,01 милиони доаѓања на туристи, одосно пет отсто повеќе, и 107,03 милиони ноќевања, или два отсто повеќе.

Според дестинациите, најмногу ноќевања биле остварени во Дубровник, Ровињ, Пореч, Сплит и во Медулин, пишуваат хрватските медиуми.

Лограње

X

Регистрација