– ММС
Вести Свет

Жртви на геноцидот во Босна со писмо до Макрон: Единствената закана за БиХ се големодржавните проекти

Жртви на геноцидот во Босна и Херцеговина вчера му упатиле отворено писмо на францускиот претседател Емануел Макрон по неговите изјави дека БиХ е темпирана бомба во која се враќаат терористи од ИСИЛ.

„Вие, претседателе Макрон, бевте наша надеж дека Франција ќе биде еден од главните двигатели на обединета Европа и оти БиХ, под ваше претседавање, ќе биде уште поблиску до ЕУ и НАТО-интеграциите. Не сакаме да веруваме дека сте против членство на државите од западен Балкан. Сакаме да веруваме дека се работи за ваше моментално незадоволство и оти Франција и Вие многу брзо ќе бидете она што треба да бидете – надеж за обединување на сите европски народи и на државите од западен Балкан. Голема полемика во регионот предизвика Вашата изјава за БиХ како закана. Ваша Екселенцијо, за БиХ единствена закана претставуваат големодржавните проекти од Белград и од Загреб“, стои, покрај другото, во писмото што го пренесуваат повеќе медиуми од БиХ.

Лограње

X

Регистрација