– ММС
Вести Свет

На денешен ден пред 30 години падна Берлинскиот ѕид

На 9 ноември 1989 година исчезна границата не само помеѓу двете тогашни Германии, туку на некој начин и границата што ја делеше Европа. Железната завеса што ги делеше Истокот и Западот, односно капитализмот и социјализмот, можеше да се види и да се фати со рака. Но, Берлинскиот ѕид не беше од железо, туку од бетон.

Социјалистичката Источна Германија Берлинскиот ѕид почна да го подигнува во 1961 година. Се протегаше на 155 километри околу тогашните „окупациски зони“ на западните сили – САД, Велика Британија и Франција во Берлин. Граѓаните на Западен Берлин беа опкружени со ѕидот, но смееја да патуваат каде што сакаат, за разлика од тие во Источен Берлин, пишува „Дојче веле“.

Сепак, иако Берлинскиот ѕид го нема веќе три децении, во Европа, а и во светот, останаа уште многу поделби.

Лограње

X

Регистрација