– ММС
Вести Македонија

Штип одбележа 75 години слободен живот: Синоќа врачени Осмоноемвриските признанија

Со повеќе манифестации и чествувања, Штип ја одбележа 75-годишнината од ослободувањето на градот. Синоќа се одржа и свечена седница на Советот на Општината, на која беа врачени и традиционалните признанија „8 Ноември“.

Добитници годинава се државниот музички училиштен центар „Сергеј Михајлов“, професорката по пијано во таа образовна установа, Марија Максимова, новинарката Викторија Димитрова Јованова, дописничка на МИА, стопанственикот Ристе Љуботенски, сопственик на „Имако вино“, и професионалниот пилот Раде Ивановски, капетан на патнички авион, кој повеќе од две децении лета за авиокомпании од Европа, Азија и од Африка.

Лограње

X

Регистрација