– ММС
Вести Македонија

Типично есенско време денеска и во следните четири дена, но со натпросечни температури

Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во ноќните часови со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец, е временската прогноза на УХМР за денеска. Максималната температура на југоистокот на Македонија ќе достигне до 23 степени. Во Штип до 21, Скопје – 19, Битола – 18, Охрид – 17…

Времето утре треба да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, а максималната температура се очекува да достигне до 20 степени. Еден степен повисока треба да биде температурата в понеделник, кога не се очекува дожд, а слична ќе биде максималната температура и во вторник и в среда, кога се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Лограње

X

Регистрација