– ММС
Свет

Калифорнија започна истрага против Facebook

САД предупредуваат дека Facebook и другите големи компании се изложуваат на потенцијална кражба на податоци и ги зголемуваат цените за рекламирање.

Калифорнија го испитува facebook за откривањето на корисничките податоци на компанијата Cambridge Analytic и другите партнери.

Властите во Калифорнија бараат една од најголемите социјални мрежи да одговорат на судската покана, пренесува Reuters.

Откривањето на истрагата е најновата лоша вест за Facebook, кој e веќе под истрага во 47 американски држави, наведува британска агенција.

Facebook без коментар

Некои држави, особено Њујорк и Небраска, изразија загриженост дека Facebook и другите големи технолошки компании, со објавување на податоците за потрошувачите, ги изложуваат на потенцијална кражба на податоци и ги зголемуваат цените на рекламирањето.

Од Facebook немаше коментар за овие наводи.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација