– ММС
Свет

Промашена инвестиција: Позната компанија изгуби 150 милиони долари за еден ден

Милијардерите кои стојат зад производителот на детски играчки Lego за само еден ден изгубија 150 милиони долари по една неуспешна инвестиција, објави Bloomberg.

Компанијата Kirkbi на фамилијата Кирк Кристијансен поседува удел во компанијата Lego од 16 милијарди долари, а вредноста на тој удел во средата падна за скоро 150 милиони долари.

Предизвикот беше компанијата ISS, во која Kirkbi има близу 15 проценти од уделот, според Bloomberg. Пазарната вредност на таа компанија за обезбедување на услуги за чистење опадна за 20 проценти.

Претставниците на компанијата Kirkbi, како што наведува Bloomberg, не сакаа да коментираат.

Милијардерите од Lego останаа лојални на ISS и покрај акумулацијата на камата во таа компанија, која во моментов опфаќа близу 7,5 проценти од нејзиниот основен капитал.

Извршниот директор на ISS, Џеф Гревенхорст претходно изјави дека сака да ги таргетира само најголемите клиенти и да се ослободи од помалите, а очигледно е дека таквата стратегија го чинеше многу.

Во средата, изјави дека неговата стратегија сè уште има смисла, но призна дека бил „премногу амбициозен“ во својот пристап.
Гревонхорст изјави дека му е исклучително жал, бидејќи се обиде да ги убеди инвеститорите дека 2020 година ќе биде добра.

Во четвртокот, акциите на ISS продолжија да се лизгаат. Севкупно оваа година, инвеститорите на ISS бележат пад на нивното учество за речиси една четвртина.

Гревенхорст, исто така призна дека најновиот пад – втор од август – го доведува во прашање неговиот статус на извршен директор.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација