– ММС
Свет

Добрите вести од Кина ги зголемија цените на нафтата

Цената на нафтата “брент” денес надмина 62 долари за барел, откако Кина соопшти дека е постигнат напредок во постигнување на трговски договор со САД.

Тоа придонесе за подобрување на очекувањата во врска со ставањето крај на долготрајниот спор, кој негативно се одрази на растот на глобалната економија и побарувачката за нафта, проценува Reuters.

Цената на брент денес порасна за 57 центи на 62,31 долари, а американското лесна нафта(WTI) за 48 центи на 56,83 долари за барел.

Кинеското министерство за трговија, претходно денес објави дека Кина и Соединетите држави во изминатите две недели се договорија постепено и во неколку фази да ги укинат постојните трговски тарифи.
Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација