– ММС
Вести Свет

Речиси 1,4 милиони деца би можеле да умрат од глад оваа година

Речиси 1,4 милиони деца би можеле оваа година да умрат од глад во Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен, објавува УНИЦЕФ.

Според Светската програма за храна и според ОН, уште еден милион луѓе се на работ од глад. Од ОН додаваат дека е потребна итна хуманитарна помош за да не дојде до ескалација на катастрофата.

Војната и распадот на економијата главни виновници

Производството на храна во Јужен Судан е уништено во бранот на насилство минатата година, до кое дошло заради инфлацијата од 800 отсто годишно. Неуспехот на пазарот го довеле народот на Јужен Судан во ситуација во која не се во состојба да ги купат основните намирници заради превисоките цени. УНИЦЕФ проценил дека акутна неисхранетост им се заканува дури на 207.000 деца, додека повеќе од милион од нив се веќе акутно неисхранети.

Директорот на УНИЦЕФ Антони Лејк повикал побрзо да почне да се делува.

„Се уште можеме да спасиме бројни животи“, предупредил тој.

Лограње

X

Регистрација