– ММС
Вести Македонија

(видео)Штипјанката д-р Тања Николова добитник на престижна медицинска награда

На свеченост во вторникот, во главниот град на Словенија, Љубљана, докторка Тања Николова ја прими меѓународната награда за најсисоко научно достигнување International medis awards за медицинско истражување. Наградата ја доби за пронаоѓање на маркер, кој предупредува на предвремено породување, што во Македонија и светот е најчеста причина за смртност кај новороденчињата.

Три години докторката Тања Николова заедно со своите колеги на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, работела на истражувањето на маркери, кои сигнализираат на предвремено породување. Овие маркери сега се препорачани во многу земји во светот, а се признати од Американската агенција за храна и лекови. Колку е значајно ова истражување, зборува податокот дека во Македонија долго време смртноста на новороденчињата беше голем проблем, кога имаше 35  починати бебиња на 1000 живородени.  Од 4000-5000 породувања на ГАК годишно, дури 800  се предвремени. Докторка Николова,  вели дека маркерите се значаен придонес во оваа борба.

-Целта на маркерот е точно да претскаже, да прогнозира дали ќе настапи предвремено породување кај пацинетка која се јавува со контркации, болки или пак крварење во тек на бременоста. До сега во употреба се повеќе такви биохемиски и биофизички маркери, меѓутоа, ниеден од нив не успеа со точност, каква што покажа нашот маркер, значи ниеден од тие маркери не беше толку прецизен. Добивме висока специфичност, висока сензитивност во предикција на предвремено породување,  објасни докторка Николова, која го раководела меѓународното истражување во кое учествувале и тимови од Русија, Финска и Италија.

Тања Николова е штипјанка, која кариерата ја почнала во Клиничката болница во Штип во 2006 година, како гинеколог, по што во 2016 година преминала на ГАК во Скопје, каде останала една година. Николова е доктор на науки, а работела и како асистент на Медицинскиот факултет. Вчера која ја снимивме, ја најдовме во Германија, во Клиниката Мителбаден во Баден Баден, дел од Академската болница Хајделберг, каде во моментов работи.

-Моите планови понатму се хабилитација, повторно удел во науката и наставата овде. Засега останувам овде. Како ќе биде понатаму, не можам да кажам, но можам да кажам дека Македонија многу ми фали и дека собрав едно огромно искуство во нашите здравствени институции, кое што го носам со себе и кое ме прави многу посилна, кажа д-р Николова

Тања Николова е наградени во областа гинекологија, со престижната медицинска награда. Во исто време, ова е прва ваква награда за македонски научник или доктор.

Лограње

X

Регистрација