ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/19 10:30 AM

Му почина таткото, но Пуџдемон не може во Каталонија зашто ќе биде уапсен

Таткото на поранешниот претседател на каталонската влада Чарлс Пуџдемон, вчера почиал, но тој нема да може од Белгија да оди на погребот во родното каталонско место Амер зашто во Шпанија е обвинет за организирање на забранетиот референдум за независност на Каталонија во 2017 година. Пуџдемон пред една недела во разговор за британскиот весник „Тајм“ рече дека стравува оти повеќе никогш нема да може да ги види своите родители.

Белгија на 16 декември треба да одлучи дали Пуџдемон ќе и’ го испорача на Шпанија, по последното такво барање од Врховниот суд во Мадрид.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7