– ММС
Вести Македонија

ОЈО Кавадарци: Двајца возачи загинаа во вчерашната сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Кавадарци, заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, иврши увид на регионалниот пат Неготино – Демир Капија каде што вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која две лица го загубија животот.

Според првичните сознанија, несреќата се случила во 13.30 часот во близина на селото Тремник, при директен судар на две патнички моторни возила кои се движеле по спротивни коловозни ленти. Во моментот на несреќата од здобиените тешки повреди животот го загубил 40-годишниот возач на автомобилот „хјундаи”, жител на Тремник. На пат кон медицинска установа, на повредите подлегнал и возачот на  автомобилот „голф 3″​ , 51-годишен жител на Неготино.

По наредба на јавниот обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција. Местото на сообраќајната несреќа е фотографирано, скицирано и издадена е наредба за сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата, информираат од ОЈО Кавадарци.

МИА

Лограње

X

Регистрација