– ММС
Вести Култура

Ранхохристијанска архитектура на источните области во Македонија – промоција на книга

„Универзитетот е чувар на националното достоинство на граѓаните и како таков мора да поддржува активности кои одат во насока на она што значи културно наследство“, рече ректорот на универзитетот Гоце Делчев, Блажо Боев, на денешната промоција на книгата „Ранохристијанската архитектура на источните области на Република Македонија“.

Се работи за петта книга на професор Д-р Трајче Нацев која ги опфаќа сите објекти кои што се поврзани со ранохристијанската архитектура во временска рамка од 4ти до крајот на 7ми век.

„Оваа книга ќе биде корисна за сите оние што се влљубени во ранохристијанската архитектура а секако ќе биде од голема корист на студентите во Македонија и пошироко„ рече професорот Трајче Нацев.

Иако Македонија има многу објекти зачувани од ранохристијанската архитектура, но многу мал дел од нив се истражени. Локалитетот Баргала, Виничко Кале, селото Коњух се локациите на кои најчесто се истражува, а сега има понови истражувања на територијата на Струмица и Демир Капија.

„Истраженото е само капка во морето кое што може да биде презнтирано. Јас се обидов сите оние видливи објекти да ги објавам и да ги презентирам, меѓутоа мое сознание е дека има уште доста кои што треба да се презентираат и да се откријат“ – вели професорот.

Иако истражувањата во науката се важни за самиот развој на една држава, Македонија издвојува само 0.2 од својот буџет за научно истражувачка дејност, а со тоа е на најниското место во регионот.

„Факт е дека тоа се мали средства и дека со такви средства многу малку ќе ја зголемиме компетитивноста на нашите истражувачи на Европската истражувачка мрежа. Нема резерва во тоа прашање дека државата треба да ги зголеми буџетите на универзитетите во делот на истражување и науката.“ вели ректорот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кој смета дека универзитетите не смеат да бидат само образовни установи и доколку истражувањето не е сегмент на универзитетот, тогаш се покреваат многу важни прашања за тоа што има во нашите образовни курикулуми.

На денешната презентација меѓу гостите беше и Архиепископот Охридски и Македонски, г-г Стефан.

Лограње

X

Регистрација