ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/19 11:42 AM

Две години тагувала поради „смртта“ на својот сакан, се’ додека не вегла во еден ресторан – се шокирала

Рејчел, млада жена од Австралија, вели дека не може со зборови да се опише како се чувствувала кога, по две години болка и тага „поради неговата смрт“, го нашла свото момче живо и здраво како безгрижно работи во еден ресторан.

Имала 18 години кога ја почнала врската со готвач во локален паб. Биле возбудени и среќни. Но, се’ се променило кога тој останал без работа и побарал неколку илјади долари од Рејчел додека да најде нова работа. Нешто од парите и’ вратил и исчезнал. Престанал да и’ се јавува, а негов пријател на девојката и’ рекол дека и тој не знае каде е. Се иселил и од станот. Рејчел се јавила и кај неговата мајка.

„Мојот син е мртов“, и’ рекла мајката.

Веста за „смртта“ многу ја погодила. Две години подоцна целата прикзна добива филмско продолжение. Со пријателка, Рејчел се враќала во својот роден град. Биле гладни, па влегле во ресторан. И што да види – нејзиното момче живо и здраво и безгрижно работело во тој ресторан, пренесува „Мирор“.

Заминала веднаш. И’ останале прашањата – каков е тој човек и каква е таа мајка што за синот толку лесно рекла дека е мртов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7