ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/5/19 10:27 AM

Гркинка по седум децении се сретна со еврејското семејство што го спасила од нацистите

Гркинката Мелпомени Дина (92) имаше емотивна и трогателна средба со членови на еврејското семејство Мордешаи, кое го спасила во Втората светска војна, пишува ББС. Местото на средбата бил Меморијалниот центар во Ерусалим посветен на холокаустот. На повторна средба чекале седум децении.

Двајцата преживеани од семејството на средбата со Дина со себе повеле уште 20 деца и внуци за да се запознаат со спасителката.

„Не постојат зборови со кои може да се опише чувството. Ова е премногу емотивно. Се криевме во нејзината куќа. Го спаси целото мое шестчлено семејство. А не може да се замисли колку тоа беше опасно за неа и нејзиното семејство“, истакнува Јанаи.

Во текот на нацистичката окупација на Грција, кога биле депортирани и убиени мнозинството од 80.000 Евреи, главно во логорот Аушвиц, Дина и неззините две сестри шестчленото семејство прво го криеле во напуштена џамија, а потоа го префрлиле во нивната мала куќа. Кога фашистите разбрале, во последен час им помгнале да избегаат и да преживеат.

Пред 25 години Дина го добила признанието „Праведници“ што го добиваат луѓе што спасиле Евреи од холокаустот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7