ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/4/19 9:23 AM

Поради загадениот воздух, одложени и пренасочени летови од Њу Делхи

Летовите од меѓународиот аеродром во Њу Делхи, главниот град на Индија, вчера беа одложени или пренасочени бидејќи градот бил прекриен со густа магла поради загадениот воздух, кој достигна неподносливо ниво.

„Видливоста беше толку лоша што 37 летови пренасочивме од меѓународниот аеродром ‘Индира’ Ганди’“, рекоа надлежните од аеродромот за СНН.

Главниот министер за Њу Делхи соопшти дека во цела северна Индија загадувањето станало неподносливо.

Според „Гринпис“, Њу Делхи е рангиран меѓу десетте најзагадени градови во светот. Седум од десетте такви градови со најзагаден воздух се во Индија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7