– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Утре изменет сообраќаен режим поради „Скопје на точак 2019″

Посебен режим на сообраќајот ќе биде воведен утре во Скопје поради велосипедската трка „Скопје на точак 2019″.

Трката почнува во 11.00 часот, а трасата на движење на учесниците со велосипед ќе биде од фонтаната „Лотос” во Градски парк, право по булеварот „Илинден”, лево по ул.„Љубљанска”, лево по бул.„Партизански одреди”, лево по бул.„ВМРО”, па десно по бул.„Гоце Делчев”, десно по бул.„Крсте Петков Мисирков”, во продолжение по бул.„Кочо Рацин”, десно по ул.„Свети Кирил и Методиј”, десно по бул.„Свети Климент Охридски”, лево по бул.„Илинден”, до пред фонтаната „Лотос” во Градски парк.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива велосипедската трка.

„Скопје на точак 2019″ е во организација на Сојузот на спортови на Скопје.

Лограње

X

Регистрација