– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Поради протест, попладнево посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје денеска од 13 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради најавен протестен марш, што ќе започне од паркот во Чаир.

– Денеска со почеток во 13 часот е најавен протестен марш, кој ќе започне од паркот во Чаир, продолжува право по улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, право по улицата „Цветан Димов“, десно по булеварот „Гоце Делчев“, лево по улицата „Филип Втори“, десно по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на Република Северна Македонија – соопшти МВР.

Од Министерството наведуваат дека од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Лограње

X

Регистрација