Претежно облачно и постудено со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Ваква е временската прогнза на УХМР за денеска. Утринските температури треба да се во границите од 4 до 11 степени, а максималната треба да достигне до 15 – во Гевгелија, Штип и во Охрид, а во Скопје и во Битола се очекуваат до 14 степени.
Времето утре, на првиот ноемвриски ден, и в сабота ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд и повремени сончеви периоди, а максималната температура утре, исто така, треба да достигне до 15, а в сабота до 16 степени. В недела, пак, се очекува затоплување, без дожд и со максимална температура од 19 степени.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.