ММС

Објавено на: 10/30/19 9:02 AM

Владата бара итни мерки за заштита на Аквадуктот

На предлог на Министерството за култура, Владата ја разгледа и усвои информацијата за преземање итни мерки за обезбедување и заштита на споменикот на културата Аквадуктот во Скопје.

Владата ја задолжи Управата за заштита на културното наследство како надлежна да организира соодветно обезбедување на оваа културно-историска знаменитост, како и да иницира процес за експропријација на имотите во должина Аквадуктот заради кои е попречена целосната заштита и конзерваторско-реставраторските работи на објектот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1