ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/23/19 3:18 PM

“Речиси 60 отсто од банките не би преживеале нова економска криза”

Речиси 60 проценти од светските банки не се доволно отпорни за да ја преживеат кризата, се вели во најновиот извештај за глобално банкарство на светската консултантска куќа McKinsey.

Во извештајот се предупредува на се поголемата ранливост на банките бидејќи не растат доволно брзо и се предлагаат неколку начини за зголемување на отпорноста на банките, пренесува Business Insider.

„Деценија по глобалната финансиска криза, очигледни се сигналите дека банкарската индустрија зачекорила во последната фаза од економскиот циклус: раст на обемот и високите приходи забавуваат, со раст на кредитите од само 4,0 проценти во 2018 година, што е најниска стапка на раст во изминатите пет години“, порачуваат од McKinsey.

Додаваат и дека довербата на инвеститорите во банките се намалува.

Повеќето банки на глобално ниво не се економски одржливи, бидејќи нивното враќање на капиталот не расте во согласност со трошоците, пренесува RT повикувајќи се на овој извештај.

За да се избегне колапс во случај на нова рецесија, банките, како што препорачуваат од McKinsey, би требало да преземат „храбри потези“ и да ги прошират своите понуди, како што на пример прават кинеската осигурителна компанија Ping An или Amazon.

„Банките не инвестираат доволно за да останат конкурентни со новите ривали и сè повеќе и повеќе клиенти се вртат кон големите технолошки компании како Amazon и Google, за да ги задоволат своите финансиски потреби”, наведуваат во извештајот на консултантската компанија.

Извор: denar.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1