– ММС
Вести Македонија

Захариева: Историска грешка е непочнувањето преговори на Северна Македонија со ЕУ

Одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка – смета бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

– Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите – изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство со Унијата. Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.

Бугарската агенција БГНес која ја пренесува изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон ставил вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана.

Лограње

X

Регистрација