ММС

Објавено на: 10/23/19 10:25 AM

Шок во Велика Британија: Пронајдени 39 човечки тела во камион што дошол од Бугарија

Итни медицински сужби и полиција биле повикани утринава нешто пред 2 часот во индустрискиот парк Ветерглејд во Греис, Велика Британија. Кога стигнале, пронашле 39 луѓе во задниот дел на возилото. Првите индикации укажувале дека се работи за тела на 38 возрасни луѓе и за еден тинјџер.

Полицијата верува дека возилото дошло од Бугарија, а во Велика Британија влегло ред четири дена. Осомничен за убиството е 25-годишник од Северна Ирска, кој е и уапсен, пишува „Мирор“.

„Ова е трагичен инцидент во кој многу луѓе ги загубија животите. Спроведуваме истрага за да утврдиме што навистина се случило, но претпоставувам дека тоа би можело да биде долготраен процес. Веруваме дека камионот е од Бугарија и оти во земјава влегол во саботата. Блиску соработуваме со нашите партнери во истрагата“, изјавил полицискиот надзорник Ендру Маринер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.