Големата награда на „Фиренца биенале 2019“ за Мице Јанкуловски
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/23/19 10:04 AM

Големата награда на „Фиренца биенале 2019“ за Мице Јанкуловски

Синоќа на Мице Јанкуловски свечено му беше доделена големата награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на престижното „Фиренца Биенале 2019“ 

 На церемонијата на доделувањето на наградата присуствуваа и зедоа збор за творештвото на Јанкуловски – Манос Стефанидис од Грција, уметнички критичар и публицист,  Мати Грунберг од Израел, уметник (скулптор) колега и пријател, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Македонија, и Александар Наумовски, градиначалник на скопската општина Ѓорче Петров, каде што Јанкуловски живее  

 Големиот медал „Лоренцо ил Магнифико“ на Мице Јанкуловски му го доделија основачите на Биеналето, Пасквале и Пјеро Челона, а мотивацијата за доделената награда ја образложи Мелани Зеферино, куратор на „Фиренца Биенале 2019“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7