ММС

Дали го перете новото парче облека кога ќе го купите?

Вештачките бои се наоѓаат не само во храната туку и во облеката, a ако не се исперат пред носење, хемикалиите од боите може да предизвикаат инфекција или иритација на кожата.

По купувањето ново парче облека многумина сакаат веднаш да го облечат. Сепак, можеби би требало да престанете со оваа практика која може да биде и опасна.

Иако парчето облека е штотуку купено, тоа не значи дека е чисто, а прашање е колку стоело во магацин и на кој начин стигнало до продавницата.

Бројни спроведени студии покажаа дека на облеката често можат да се најдат габи, па дури и измет.

Филип Тјерно, раководител на катедрата за микробиологија и имунологија на универзитетот во Њујорк, смета дека перењето облека пред првото носење е неопходно од две причини.

Првата е тој што во ланците со висока мода, исто како и оние со понизок квалитет со тестирање биле пронајдени габи, а најмногу на долната облека.

Друга причина е хемикалиите на облеката.

Ако имате и чувствителна кожа, бојата може да предизвика и непријатен осип.

Исто така, скоро сите производители ја изложуваат облеката на формалдехид, кој ја штити од туткање за време на транспортот и од развој на мувла, а тој содржи токсични состојки и се користи за правење синтетички влакна за крпи и постелнини.

Најчесто се користи и нонилфенол етоксилат, чија употреба е ограничена во многу земји на ЕУ. Меѓутоа, не постои ограничување во земјите на производство, односно во Југоисточна Азија.

Од сите споменати причини, многу е важно новокупената облека прво да ја исперете.

Извор: denar.mk