ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/22/19 3:02 PM

Попладнево земјотрес почувствуван во Штип и околината

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2,7 степени е регистриран попладнево во 13 часот и 19 минути во регионот на Штип.

Земјотресот е почувствуван од населението во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 77 километри југоисточно од Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1