– ММС
Вести Македонија

Нов закон за пазарџиите, стариот нема да се реализира

Одложениот Законот за трговија во зелените пазари нема да се примени. Министерството за економија во соработка со претставници на  стопанските комори  ќе изнајдат ново законско решение.

Најавените лиценци за кои требаше да ги поседуваат легалните пазарџии издадени од едно здружение нема да важат бидејќи тоа го предвидуваше одложениот закон за зелени пазари, на место тоа лиценци ќе издаваат сите стопански комори.

„Ние во меѓувреме работевме со сите засегнати страни, за да се дојде до ново решение се со цел за да ги подобриме условите за работење на пазарџиите, но јас можам да кажам дека постоечкото законско решение кое е одложено нема да се усвои и нема да се реализира како закон. Но, во меѓувреме работиме на ново законско решение, во најкраток можен рок ќе бидат повикани сите стопански комори иако стопанските комори кои се знаимаваат со оваа дејност биле веќе консултирани. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни и ќе најдеме ново законско решение, и имајќи во предвид дека имаме избори ќе има време да се усвои следната година“,  изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој додава дека за нова законска рамка за трговија со зелените пазари министертсвото разговара со институции кои ги застапуваат пазарџиите во нашата земја, а не индивидуалци.

Вчера Групација за пазарите, во рамките на Стопанската комора на Македонија побараа да се укине Законот за тргување на зелените пазари кој требаше да биде имплементиран во јануари следната година.

По предлог од група пратеници, парламентот, минатиот февруари, изгласа одложување на новиот закон, но како што велат од комората, воопшто не биле повикани на состанок или на каква било консултација.

Лограње

X

Регистрација