– ММС
Вести Свет

Србија: Индустријата за мотори и трактори продадена за девет милиони евра

Индустријата за мотори Раковица (ИМР – некогашен ИМТ) во стечај е продадена за 1,1 милијарди динари (9.160.000 евра) на конзорциум што го сочинуваат Институтот за изградба на градот и акционерското друштво „Хемпро“ од Белград, објави Агенцијата за лиценцирање стечајни управници на Србија.

Таа Агенција на 30 септември организираше продажба на ИМР со јавно прибирање понуди, а Одборот на доверители одлуката за прифаќање на понудата ја донел на 15 октомври, пишуваат српски медиуми. Проценетата вредност на ИМР била 2,93 милијарди динари. Купувачот добива седум погони, целата опрема на фабриката за производство на мотори, трактори и кабини, алатите и залихите на материјали за производство, како и магацините и складиштата на површина од 76.000 квадратни метри.

ИМР некогаш вработуваше 7.000 работници, а во стечај отиде во 2017 година.

Лограње

X

Регистрација