– ММС
Вести Свет

Жените што ја одбележале американската историја за првпат добиваат споменици во Централ парк

Њујорк Сити одобри подигнување споменици во Централ парк, на кои првпат ќе се наоѓаат остварени жени. Тоа вчера го изгласа градската комисија, со цел да им се оддаде почит на трите жени – пионери во борбата за човекови права: Сузан Б. Ентони, Елизабет Кејди Стентон и Соџернер Трут.

Во познатиот њујоршки парк моментно се наоѓаат 23 статуи на мажи, кои ја одбележaле американската историја, но досега немало ниту еден споменик посветен на некоја вистинска жена.

Спомениците се очекува да бидат поставени во август следната година, кога се одбележува 100-годишнина од правата на жените во САД да гласаат.

Лограње

X

Регистрација