– ММС
Вести Свет

Србите купуваат отрови на интернет: Секој втор лек е лажен

Загрижувачки податоци на Минисерството за здравство од Србија околу продажбата на лекови надвор од аптеките. Моментално најчесто се копираат цитостатици, антибиотици и антидепресиви. А, препаратите за потенција или слабеење имаат одлична заработката.

Половина лекови кои се купуваат на интернет се фалсификувани и потенцијално токсични. Ништо помалку опасни не се ниту копиите на суплементите, и оригиналните производи, како витамини и препарати за засилување на мускулите, кои поминуваат само минимални контроли и проверки.

Предупредуваат од Министертсвото за здравство во Србија и укажува на тоа дека неодамна е потпишана Конвенција на Советот на Европа која би требало да ја забрза процедурата за откривање на копијата на лекови на пазарот. Количината и видот на црниот пазар (интернет, продажба преку оглас, флаери) се менува од година во година.

„Моментално најмногу се фалсификуваат лекови за потенција, цитостатици, антибиотици и антидепресиви“, велат од Министертсвото за здравство во Србија. Од суплементите, тоа се производи производите за потенција или за слабеење.

Легалните суплементи не поминуваат на редовни контроли кои ги поминуваат лековите, поради што нивниот квалитет е под знак прашање. Изминатите десетина години во Србија имало случаи одредени суплементи да немаат активна супстанца, но не се случувало да содржат опасни состојки.

Во извештајот на Светската здравствена органиација се наведува дека повеќе годишната проверка потврдува дека Србија се сместува помеѓу 50 најразвиени земји по безбедност, квалитет  и сите неопходини регулативи во областа на лековите. Србија за прв пат учествувале во ваков вид оценување и проверување, и единствена земја во регионот која добила добра оценка.

Лограње

X

Регистрација