– ММС
Вести Македонија

Запленети 11 килограми дрога на ГП Богородица

Во специјално направен бункер над резервоарот за гориво во Мерцедес на албански државјанин пронајдени се 11 килограми дрога, соопшти Царинската управа.

Вчера(19.10.2019 година) на излез од државата на ЦИ Богордица за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин.

Возилото било селектирано од мобилен царински тим за детална царинска контрола. Во левата и десната страна на багажниот простор во внатрешноста на носечките шини кои се протегаат од задниот браник до задните седишта споени со специјално направен бункер над резервоарот за гориво, пронајдени се 13 паковки облепени со кафена селотејп тракa наполнети со марихуана.

Вкупната бруто тежина на паковките е околу 11 килограми.

Царинската управа соопшти дека до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава, заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 215 ст. 1 и 7 од КЗ,  „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Лограње

X

Регистрација