– ММС
Вести

Во Босна и Херцеговина нема договор за нова локација за сместување на мигрантите

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина бара решение за сместување на илегалните мигранти, но проблемот е во тоа што не постои договор помеѓу властите на БиХ и меѓународните организации што треба да финансираат вакви кампови – соопшти Министерството по повикот итно да се затвори пренатрупаниот и несоодветен камп Вучјак кај Бихаќ.

– За жал, локациите што досега се предложени претставниците на Европската унија ги оценија како неприфатливи и одбија да ги финансираат, наведувајќи ги како причина условите на теренот или тоа што земјиштето е приватно – се наведува во соопштението.

Откако ќе се понуди соодветна локација, Министерството за безбедност на БиХ ќе се координира со партнерските организации и ќе обезбеди сместување во новиот прифатен центар за лицата кои се наоѓаат во кампот Вучјак, но и за сите ново пристигнати мигранти. Од Министерството додаваат дека се планира изградба на уште еден прифатен центар во околината на Сараево со цел Унско-санската жупанија да се ослободи од дополнителниот притисок на мигрантите.

Во Унско-санската жупанија има околу десет илјади мигранти во три кампа на подрачјето на Бихаќ и еден кај Велика Кладуша. Министерството за безбедност на БиХ, сепак предупредува дека решението не е во отворање нови сместувачки капацитети, туку во зајакнување на заштитата на границата со Србија и Црна Гора за да се спречат мигрантите да влегуваат во земјата, бидејќи не треба да се дозволи нивно масовно доаѓање.

– За жал, локациите што досега се предложени претставниците на Европската унија ги оценија како неприфатливи и одбија да ги финансираат, наведувајќи ги како причина условите на теренот или тоа што земјиштето е приватно – соопшти Министерството според кое,  откако ќе се понуди соодветна локација, надлежните ќе се координираат со партнерските организации и ќе обезбедат сместување во новиот прифатен центар за лицата кои се наоѓаат во кампот Вучјак, но и за сите ново пристигнати мигранти.

Министерството информира дека се планира изградба на уште еден прифатен центар во околината на Сараево со цел Унско-санската жупанија да се ослободи од дополнителниот притисок на мигрантите. Во Унско-санската жупанија има околу десет илјади мигранти во три кампа на подрачјето на Бихаќ и еден кај Велика Кладуша.

Министерството за безбедност на БиХ, сепак, предупредува дека решението не е во отворање нови сместувачки капацитети, туку во зајакнување на заштитата на границата со Србија и Црна Гора за да се спречат мигрантите да влегуваат во земјата, бидејќи не треба да се дозволи нивно масовно доаѓање.

Лограње

X

Регистрација