– ММС
Вести Свет

„Правда за девојчињата“: Денеска протести ширум Хрватска

Фото: Милан Сабиќ

Хрватските граѓани денеска протестираа под мотото „Правда за девојчињата“ во знак на револт од постапување на надлежните по случајот со групното силување во Задар.Демонстрантите испратија порака дека неказнувањето злосторства всушност е злосторство и оти жртвите на насилство во Хрватска не добиваат соодветна заштита.

– Во судските процеси страдаат девојчиња и жени. Бараме итно преместување на судењето од Задар и да се обезбеди правично судење. Бараме во државниот буџет следната година да има доволно пари за советување за сите жени жртви на насилство. Бараме и конечно да се укине категоријата сексуален однос без согласност. Силување е силување, а силувањето е злосторство – истакнаа присутните на протестот во Загреб, кој воедно беше и најмасовен.

Паралелно, граѓаните протестираа и во Задар, Сплит, Осиек, Риека и во Пула и уште во седу м други градови.

Од август минатата година до јули годинава пет момчиња на возраст од 17 до 19 години повеќе пати групно силувале 15-годишно девојче. Тие и го снимале силувањето, а со снимките ја уценувале жртвата. Еден од насилниците и повеќе пати го претепал девојчето. Хрватската јавност беше згрозена од насилството, но се разбесни кога осомничените против кои беше поднесена кривична пријава беа пуштени да се бранат од слобода.

Жупанискиот суд во Задар вчера ја прифати жалбата на Обвинителството , определувајќи им на петмината едномесечен притвор. Тие се обвинети за тешки казнени дела против сексуалната слобода, сексуален однос без согласност, блудни работи, закани, телесни повреди, искористување на деца за порнографија.

Лограње

X

Регистрација