– ММС
Вести Македонија

Движењето против коцкање со симболичен перформанс укажа на последиците од игрите на среќа

Движењето против коцкање од Тетово одржи симболичен перформанс со поставување таканаречен лавиринт со цел да укаже на последиците од коцкањето и игрите на среќа. Воедно оваа активност според движењето, е протест и револт кон државните институции поради неизменување на законот за игри на среќа.

– Почнавме една иницијатива по подолго време  и еден вид протест и притисок на власта и комисијата за финансисрање и буџет. Се одлучивме да се направи овој лавиринт и го нарековме „Лавиринт на живот-стапица или надеж“. Ова е еден вид симулација на казино влегување во темни лавиринти со многу несакани последици и лаги. Со тој лавиринт на животот и многу луѓе пред нас што влегле и завршиле со тешки последици со самоубиство, – изјави Џемал Абдиу од Движењето.

Дел од изведбата со лавиринтот на коцкањето, според Абдиу, е обидот и да се најде излез од коцкањето како порок.

Ваквиот перформанс со лавиринт Движењето ќе го спроведува и во наредните саботи во Гостивар, Охрид, Прилеп, Скопје и Струмица.

Движењето против коцкање води кампања во која бара објектите каде се приредуваат игри на среќа да бидат три километри надвор од населените места градовите, да се одвојува 5 отсто од буџетот од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, како и да се направи национална стратегија за едукација околу опасностите кои ги предизвикува коцкањето.

Лограње

X

Регистрација