– ММС
Вести Македонија

Христијан Мицкоски гостин во „Стадион“: СДСМ ќе го победиме со минимум 100.000 гласа разлика

„Гарантирам – на предвремените парламентарни избори разликата ќе биде минимум 100.000 гласови во наша полза во однос на СДСМ“, рече петседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше гостин во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“.

Збоувајќи за недобиениот почеток на пристапни преговори со Европската унија, тој истакна дека жали што не се случило тоа, а и додаде дека неправдите кон македонскиот народ и македонската држава биле присутни од многу одамна.

– Но, треба да ги видиме пораките, да седнеме, да ги отстраниме проблемите кај нас, недостатоците што ги имаме во општеството. Како ВМРО-ДПМНЕ и идна Влада, ќе направиме се’ Македонија да ја ставиме на брза лента за побрзо да стане дел од европското семејство. Колку тоа ќе трае од оваа перспектива е тешко да се каже. Но, нема да биде предолго зашто капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на структурите што се надвор од тесното јадро на СДСМ се големи – рече Христијан Мицкоски.

Беше прашан и за тоа, ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, како ќе се однесува во однос на договорите со Грција и со Бугарија, потоа со Законот за јазиците од аспект на можно коалицирање со партии на Албанците.

– За тие договори – која е патеката, каква е патеката за поништување или за нивна измена, сме кажувале многу пати, така што не би имал сега што да додадам или одземам. Во однос на Законот за јазици, ние немаме ништо против јазиците на етникумите, но тоа мора да се прави функционално, применливо, во согласност со закоите и со Уставот. Повеќепати апелиравме за Законот за јазици. Тоа што конкретно го кажавме се виде дека било точно. Го потврди Венецијанската комисија. Почитувањето на законите и на Уставот е основен услов да бидеме држава или не. Непочитувањето на законите и давањето предност на партиско-политичките приоритети не доведоа да имаме 500.000 луѓе надвор од земјата – истакна Мицкоски.

На прашањата од слушателите – зошто избегал Груевски во Будимпешта и ќе се огради ли, конечно, еднаш јасно од него, Мицкоски рече дека сето она што причинило неправда некому, а било политика на ВМРО-ДПМНЕ, е подготвен да го прифати, доколку тие аргументи ги победат неговите, и да побара прошка.

– Јас навистина не знам зошто избега Груевски. Но, мислам дека одговорот го знаат Зоран Заев и Оливер Спасовски. Можеби тие треба да дадат одговор на ова прашање, а ако и тие не го знаат, тогаш треба да има некаква одговорност за нив – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на предлозите Македонија да биде една изборна единица, Мицкоски нагласи дека тие се за изборен модел што ќе го гарантира гласот на секој граѓанин, но кој ќе биде и функционален. Но, додаде и оти досега немало никакви официјални разговори за промена на изборниот модел, туку само се разговарало како препораките на ОБСЕ и ОДИХР да се вградат во Изборниот законик и на тој начин да се подобри изборниот процес.

На почетокот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од водителот Столе Наумов беше прашан и колку го продал уделот во трите хидроцентрали.

– Тоа чини онолку колку што имам вложено. А тоа е еднакво на седум отсто или околу 70.000 евра од вкупната инвестиција за трите мали хидроцентрали. Истовремено и обврските што ги имав како сопственик на тие седум отсто ги презема идниот купувач – рече Мицкоски.

Со прашања, како и со ставови и мислења за профилот на Мицкоски, телефонски во емисијата се вклучија и повеќемина  новинари – Љубиша Николовски, Душица Мрѓа, Горан Момировски, Зоран Иванов, Марјан Николовски, потоа лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Лограње

X

Регистрација