– ММС
Вести Македонија

Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ треба подобро да се консолидира за да дојдеме до подобри резултати

ВМРО-ДПМНЕ треба подобро да се консолидира за да дојдеме до подобри резултати – порача денеска градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој во емисијата Стадион на Канал 77 се соочи со партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

Јанчев реагира дека медиумите направиле пропаганда против него прикажувајќи лажна членска книшка во СДСМ. Тој побара од претседателот на партијата да го споменува почесто кога зборува за градоначалниците од неговите редови:

„Јас ќе дадам забелешка претседателот да ме споменува почесто и да видиме кој колку е успешен од градоначалниците. Во делот на тоа сме успешни и заеднички може многу повеќе да направиме“.

„Јанчев е во право кога мисли дека е најуспешен градоначалник. Мене во емисии никој не ме прашува што мислам за нашите градоначалници, најчесто ме прашуваат дали се оградувам од Никола Груевски. Тоа што го работи како градоначалник е пример што треба останатите да го следат, но би го пофалил работењето и во Сопиште, во Петровец и така натаму“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека Јанчев не е исклучен од партијата, само е разрешен:

„Митко Јанчев не е исклучен од партијата и ја демантираам таа информација. Што се однесува до сугестијата, апсолутно се сложувам – секое дополнително консолидирање е потребно. Сите што мислат дека политиките на Заев се погрешни, се добредојдени. Тоа и сега ќе го повторам – сите што мислат дека овие политики не ја водат Македонија во добра насока, се добредојдени“.

„Го разрешивме бидејќи во тој момент тоа беше одлука која требаше да се донесе, заеднички одлучивме со Јанчев“, додаде Мицкоски на што градоначалникот реплицираше дека неговите лични ставови се либерални.

Одговарајќи на новинарско прашање, што доколку Јанчев формира партија, Мицкоски истакна дека секој што смета дека треба да формира партија, треба да го направи тоа.

„Ќе биде побогата политичката сцена и демократијата во Македонија, ако имаме нов субјект што би дал иновативна програма која граѓаните ќе може да ја бираат или пак не, на избори“.

Разговор во партискиот лидер, градоначалникот го заврши со коментар дека сите политички субјекти треба да постигнат договор за да може државата да се движи во правец во кој треба да се движи, а тоа е кон ЕУ и НАТО:

„Кој и да е на чело не треба да отстапува од тие критериуми. Не треба да им дадеме на луѓето лажна надеж и да создадеме несигурност кај самите граѓани затоа што така ќе има апститенција на изборите и тоа нема да биде добро“.

Лограње

X

Регистрација