– ММС
Вести Македонија

Заев повика на брзи избори

Ја преземам врз себе разочараноста. Се исправам пред вас и јасно и одлучно порачувам, европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен. Европскиот сон на Македонците, Албанците, Србите, Ромите и Вошњаците и сите други нема да биде срушен. Затоа почитувани граѓани одговорно се исправам пред вашата одлука. Сега е потребен вашиот став – порача денеска на прес конференција, премиерот Зоран Заев.

„И затоа мојот предлог е организирање на брзи предвремени избори, избори најбрзо што може“, изјави тој.

„Избори на кои вие граѓаните ќе донесете одлука за патот по кој треба да продолжи нашата земја. Токму ова ќе биде мојт предлог на утрешната лидерска средба. Граѓаните имаат мандат да одлучат дали да одиме по вистинскиот пат за демократски и европски вредности, патот што води напред или да одиме по мрачниот пат, патот на национализам и поделби, патот што води назад“, додаде тој.

Лограње

X

Регистрација