– ММС
Вести Македонија

Премиерот Зоран Заев во 12 часот ќе им се обрати на граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати до граѓаните и медиумите и ќе одржи прес-конференција. Обраќањето ќе се одржи во Медија центарот на Владата со почеток во 12 часот.

Обраќањето на Заев следи по одлуката на Европскиот совет да не и додели датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.  Заев иако завчера се врати во Скопје и не дочека во Брисел да ја слушне одлуката дека Македонија повторно остана пред портите на ЕУ, денеска првпат ќе и се обрати на јавноста.

Тој во текот на вчерашниот ден имаше интензивни консултации на различни нивоа за заклучоците донесени на Европскиот совет.

Од Владата вчера соопштија дека низ текот на консултациите, одлуките се носат исклучиво согласно највисоките интереси на државата и на граѓаните.

Заев оствари комуникација и со првите луѓе на владите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и со други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Хан.

Заев имаше средба и со владиниот партнер Али Ахмети, кој како што веќе објави Плусинфо му сугерирал да не поднесува оставка.

Лограње

X

Регистрација