– ММС
Спорт Фудбал

Ако се пласира на ЕП, Косово нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ

Доколку се пласира на Европското првенство, фудбалската репрезентација на Косово нема да може да биде во група со Србија, Русија или БиХ – одлучи УЕФА.

Косово може да се најде на ЕП ако го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига Д од Лигата на нации, каде за ривал ќе ја има и македонската репрезентација. Причините се политички и од безбедносен карактер. И Русите, како и Србите, не ја признаваат независноста на Косово.

Русија веќе е сигурен учесник на ЕП и во првата фаза ќе игра на свој терен во Санкт Петербург. Освен против Косово, Русија и руските клубови веќе пет години не смеат да се паднат ниту со клубови од Украина или репрезентацијата на таа земја.

Лограње

X

Регистрација