ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/19/19 7:22 AM

Студенти во Брчко нашле на улица полн паричник на автстриски пензионер и му го вратиле

Откако од сервисот на Брза пошта кај зградата на Електродистрибуција во Брчко, БиХ, ја презел нарачаната пратка, Сакиб Хусиќ, инаку австриски пензионер, тргнал кон центарот на градот. Но, набрзо заклучил дека му го нема полниот паричник, па брзо се вратил на местото каде што препоставувал дека го изгубил. Не го нашол. Отишол и до портирот на Елекстродистрибуција, кој му кажал дека никој кај него не пријавил пронајден паричник.

А само пет минути пред враќањето на Сакиб на местото каде што го загубил паричникот, него го нашле студентите на трета година на Економскиот факултет – Јасмин Авдиќ, Драгана Роквиќ, Абдулах Кадиќ и Јовица Бричиќ. На пауза од предавања, четворицата отишле нешто да купат од блиската продавница. А на тротоарот пред неа го нашле полниот паричник со пари, но имало и документи со кои го утврдиле идентитетот на сопственикот, а виделе и негова фотографија. Малку подоцна, на местото дошол и Сакиб. Го прашале како се вика и дали има нешто изгубено…

Сакиб останал вчудовиден и пресреќен од гестот на чесните студенти, а и, иако не барале ништо, им дал неколку банкноти од паричникот да се почестат.

„Навистина сум воодушевена од моите студенти и нивниот гест. Во време кога моралните вредности речиси го допреа дното, тие се светол пример како треба да се однесуваме едни кон други“, рекла професорката на Економскиот факултет, Рената Лучиќ, за „РТВ Хит“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1