– ММС
Вести Свет

Kрај за екс-ју гигантот „Радое Дакиќ“: Багер ја урива фабриката во која е произведен

Многи тажна фоторафија за сите што се сеќаваат на фабриката „Радое Дакиќ“ кружи на Твитер. На неа јасно се гледа како еден од багерите произведени во таа фабрика сега ја урива.

„Радое Дакиќ“ беше една од најголемите фабрики за производство на машини за градежништво во СФРЈ, а беше и меѓу најголемите од тој профил во Еропа. Машините произведени во неа се извезуваа во Германија, Полска, Австрија, СССР, Бугарија, Турција, Египет, Алжир, Сирија, Иран, Гвинеја, Куба… Титоградската фабрика во 1963 година го произведе и првиот хидрауличен багер. Во „Радое Дакиќ“ пред распаѓањето на СФРЈ работеа 4.670 работници.

Поранешните работници во 2009 година организираа мирни протести и бараа итно извршување на судските пресуди што подразбираше исплата на 37 милиони евра. Главницата на долгот потоа порасна на 48 милиони евра, плус седум за камати, а право на исплата имаат 1.650 поранешни работници. Но, со правосилни судски пресуди добиле земјиште вредно 40 милиони евра што не можат да го продадат.

Лограње

X

Регистрација