– ММС
Вести Свет

Опасност од исчезнување на христијаните во Сирија

„Немаме повеќе солзи за плакање поради тоа што се случува во Сирија“, рекол завчера во Неапол кардиналот Басети, претседател на Итаијанската бискупска конференција. Наместо да се остваруваат мировни цели, повторно се продолжува со вооружувањето, битките и војните. Загриѓеноста, особено за христијанската заедница, изразило и Екуменскиот совет на Црквата и на Советот на блискоиточните христијански цркви.

„Кога постои судир, тој ги погодува сите. И христијаните, и муслиманите, и Курдите. Но, христијанската заедница, која во Сирија е присутна 2.000 години, сигурно е најпогодена. Ни’ се заканува опасност и од исчезнување, да бидеме уништени и избришани од сеќавањето во Сирија. Не’ плаши повторното зголемување на исламскиот фундаментализам на нашите простори. Курдите, кои секогаш се бореа против таканаречената Исламска држава, се оставени од сојузникот САД во неизвесна, можеби и трагична судбина. А тие во своите затвори имаат многу џихадисти и други исламски фундаменталисти. Сега бегале, а тоа не’ плаши“, рекол свештеникот Фирас Лутфи од Алеп.

Лограње

X

Регистрација