– ММС
Вести Свет

Британскиот парламент денеска одлучува за спогодбата со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон се најде во трка со времето обидувајќи се да им ја „продаде“ спогодбата за Брегзит што во четвртокот беше постигната со ЕУ на членовите на парламентот пред денешното гласање во Долниот дом.

Џонсон се надева дека ќе успее да добие мнозинство гласови што му се потребни за да „заврши со Брегзит“ во рокот што истекува на 31 октомври. Меѓутоа, Демократската унионистичка артија и опозициските партии планираат да гласаат против усвојувањето на спогодбата. Тоа значи дека Џонсон ќе мора да ги убедува бунтовниците од редовите на лабуристите, поранешните ториевци и брегзитовци во неговата партија да гласаат „за“.

Џонсоновиот портпарол изјави дека премиерот и неговиот тим вчерашниот ден го поминале во телефонски разговори со членовите на парламентот за да ги убедат да гласаат за спогодбата. Ако таа не помине, премиерот ќе мора од ЕУ да побара дополнително тримесечно одлагање на рокот за Брегзит

Лограње

X

Регистрација