ММС

Објавено на: 10/18/19 3:48 PM

Непознат сторител го оштетил скопскиот Аквадукт

Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1