Војници и старешни масовно ја напуштаат војската на БиХ, имале помали плати и од хигиеничарките
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/18/19 10:35 AM

Војници и старешни масовно ја напуштаат војската на БиХ, имале помали плати и од хигиеничарките

Во текот на 2017 и на 2018 година Оружените сили на Босна и Херцеговина ги напуштиле повеќе од 500 професионални припадници. Годинава им се придрижија уште стотина. Клучната причина се парите.

За 80 отсто од припадниците на ОС на БиХ платите се под просечните во таа држава. Со предложените законски измени ќе им се зголемат коефициентите за исплата на платите на повеќе од 7.000 војници и подофицери. Но, нивното усвојување и понатаму е на чекање. Дури и ако се усвојат, на обичниот војник платата ќе му се зголеми за 50 марки, што значи дека ќе заработуваат колку чистачка во државна инситуција, пишуваат босански медиуми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7